Луис Енрике: Повредата на Мбапе не е сериозна

ПСЖ неочекувано лесно и убедливо го демолираше Олимпик Марсеј со 4-0, но дамка на триумфот остави повредата на Килијан Мбапе, кој мораше да биде заменет уште во првото полувреме од овој натпревар.

Португалецот Рамос, кој влезе на местото на Мбапе, постигна два гола во убедливиот триумф, а тренерот Луис Енрике по мечот испрати оптимистичка прогноза и околу состојбата на најдобриот фудбалер на „светците“. Според Енрике, повредата на Мбапе не е премногу сериозна, а Французинот бил повлече од игра за да не се ризикува влошување на состојбата.

„Од она што го знам од прва е дека станува збор за удар. Лекарите се обиделе со бандажирање, но Килијан се уште чувствувал болка и решивме да го повлечеме од игра. Не би требало да е ништо посериозно, едноставно не сакавме да ризикуваме и најдобро беше тој да се пресели на клупата. Ги чекаме резултатите од деталните прегледи, но се надевам дека Мбапе наскоро ќе ни се приклучи“, изјави Луис Енрике.

ПСЖ во следното коло ќе му гостува на тимот на Клермон, по што ќе следи и гостувањето во Њукасл во рамките од втората рунда од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...