Луис и Николиќ го засилија Куманово (ФОТО)

Куманово е на прагот да го комплетира својот состав за престојната сезона во која ќе се бори на три фронта – домашното првенство, БИБЛ лигата и квалификациите за ФИБА Еврокупот. По серијата на странски и домашни засилувања, денеска клубот ги официјализираше потписите на Петар Николиќ и Роберт Луис.

Николиќ во редовите на „сино-белите“ доаѓа од составот на Пелситер каде помина дел од претходната сезона која ја започна во Работнички. Бекот претходно на домашната сцена ги бранеше боите на Блокотехна и Еуро Никел. Американскиот интернационалец Луис игра на позицијата три и во универзитетската кариера брои настапи за Тексас Саутерн и Хамболт Стејт.


Се вчитува...