Уругвајскиот интернационалец Луис Суарез е разочаран од одлуката на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, да биде продаден во летниот преоден рок. Каталонците сакаат што побрзо да се ослободат од Суарез, но проблем претставува тоа што Уругваецот има повеќегодишен договор.
Тој ја уценува Барселона и од неа бара да му исплати 25 милиони евра за мирна разделба, или ќе го тужи клубот. Доколку Суарез добие статус на слободен фудбалер тој веднаш ќе потпише за Јувентус за далеку поголема плата отколку што земаше на „Камп ноу“.
Сепак, поради целиот проблем приказната околу негов трансфер во Јувентус е се понеизвесна бидејќи „Старата дама“ е пред потпис со Един Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА