Луис Суарез на лето се сели во Истанбул?

Уругвајскиот ас Луис Суарез е пред заминување од таборот на Атлетико Мадрид. Според турските медиуми, двајца гиганти од Истанбул, Бешикташ и Фенербахче се заинтересирани да го донесат познатиот напаѓач, кој во минатото беше дел од Барселона, Ливерпул и Ајакс.

35-годишниот напаѓач на лето е слободен играч, со оглед дека му истекува договорот со Атлетико. Во последните неколку месеци тој се почесто ги почнува мечевите од клупата. Сезонава тој на 29 натпревари во Ла Лига, постигна 11 голови и имаше три асистенции.

Суарез посакува да биде во добра форма, пред настапот на Мундијалот во Катар закажан за ноември и декември оваа година.

Се вчитува...