Луис Суарез соиграч на Елмас во Наполи

Луис Суарез следната сезона се поизвесно ќе игра во Серија А. Не се работи за уругвајската ѕвезда од Барселона, но за 22-годишниот Колумбиец од Реал Сарагоса.

Суарез, кој е под договор со Ватфорд, играше одлично сезонава во дресот на Реал Сарагоса привлекувајќи внимание на неколку клубови од Серија А, но се поизвесно ќе ја прифати понудата од Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. За неговите услуги заинтересирани се и Лацио, но и мадридски Атлетико.

Сезонава во дресот на Сарагоса постигна 17 гола во 29 натпревари.

Се вчитува...