Лук Шо ја мина ноќта во болница, но се чувствува добро

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо, доживеа тешка повреда на главата по страшниот судир со еден шпански фудбалер, и на носилки беше изнесен од теренот, а ноќта ја мина во болница, под лекарски надзор. Сепак, тој се чувствува добро и ќе биде пуштен на домашно лекување, а многу брзо се очекува и повторно да се му се врати на фудбалот.

„Благодарност за целата љубов и поддршка што ми ја искажавте. Се чувствувам добро, и во добри раце сум. Знаете дека сум фајтер и дека многу брзо ќе се вратам на фудбалските терени“, напиша Лук Шо на Твитер.

Шпанија ја совлада Англија на гости со 1-2, со головите на Саул и на Родриго, откако Маркус Рашфорд прв го доведе гордиот Албион во водство.

Се вчитува...