Лук Стајнс е нов бек на ПСЖ

ПСЖ конечно ја заврши потрагата по нов бек како замена за Никола Карабатиќ успешно финиширајќи ги преговорите за Лук Стајнс. Холандскиот среден бек ги договори условите за соработка, раководството на Тулуз даде зелено светло, па се очекува само официјализацијата на трансферот во текот на денешниот ден.

Стајнс ќе пристигне во тимот на Раул Гонзалес како позајмен играч до крајот на сезонава, но не се исклучува можноста „светците“ следното лето да го откупат договорот и да го задржат во Париз.

Со ангажманот на холандскиот среден бек „светците“ ја финишираат потрага по наследник на Карабатиќ, откако претходно во „пет до дванаесет“ им пропадна можноста за ангамжман на Словенецот Себастијан Скубе.

Се вчитува...