Лука Дончиќ добива нов соиграч во репрезентацијата на Словенија

Лука Дончиќ ќе добие нов соиграч во репрезентацијата на Слоевнија. Се работи за Џош Нибо кој би можел да се приклучи на тимот во квалификациите за Олимписките игри во Париз. Како што пренесува специјализираниот кошаркарски портал „Баскетњуз“, центарот на Макаби е на мета на словенечката репрезентација и наскоро би можел да стане член.

Доколку тоа се случи, од репрезентацијата би можел да отпадне, кошаркарот на Црвена звезда Мајк Тоби, како и Џордан Морган, кој беше дел од тимот на ЕП 2022 година. Тоби последен пат за репрезентацијата на Словенија играше неодамна во квалификациите за ЕП 2025 година.

Словенија не обезбеди пласман на Олимписките игри, а за да го направи тоа мора да победи на квалификацискиот турнир во Грција. Таму ќе бидат во групата А со селекциите на Хрватска и Нов Зеланд, а во втората група се Грција, Египет и Доминиканската Република. На Игрите одат само победниците на квалификациските турнири. Квалификациските натпревари ќе се играат од 2. до 7. јули.

Што се однесува до Нибо, тој игра на центарската позиција и во Евролигата оваа година има просек од 11,1 поен и 7,3 скока. Макаби ја заврши сезоната на седмото место и чека противник во плеј-ин турнирот.

Се вчитува...