Лука Дончиќ донесе нова победа за Далас, Портланд подобар од Милвоки

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ е најзаслужниот за новата победа на Далас овој пат од 119-100 против Вашингтон во синоќешниот натпревар од НБА лигата.

Дончиќ за 33 минути на паркетот запиша 23 поени, дополнети и со шест скока и три асистенции во победата на својот тим. Го следеше Весли Метјус со 22 постигнати поени. На спротивната страна најефикасен беше Џон Вол со 24 поени.

Портланд славеше победа против Милвоки од 118-103. Најефикасен во победничкиот тим беше Џејџеј Меккалум со 40 поени. На спротивната страна Јанис Антетокуомпо постигна 23 поени, а Крис Мидлтон и Брук Лопез постигнаа по 22 поени.

Бруклин лесно го победи Феникс со 104-82. Крис Леверт со 26 поени беше најефикасен во победничкиот тим, а на спротивната страна Девин Букер постигна 20 поени.

Во последниот меч од синоќешната програма Шарлот славеше против Атланта со 113-102.

Се вчитува...