Лука Дончиќ и Далас испишаа историја во Лос Анџелес

Далас брутално му се одмазди на тимот на ЛА Клиперс за поразот во плејофот, декласирајќи го големиот ривал од Западната конференција со преубедливи 73-124 на гостувањето во Лос Анџелес. Лука Дончиќ и соиграчите одиграа неверојатен натпревар, уривајќи го рекордот за најголемо водство на полувреме, откако на одмор заминаа со „плус 50“ (27-77). Со тоа, Далас го урна рекордот на Голден Стејт, кој на дуелот со Сакраменто во ноември 1991 година имал дури 47 поени предност.

Неиграњето на Ленард и на Морис остави силна трага врз играта на клиперси, кои делуваа неорганизирано, инсистирајќи на шут од далечина кој воопшто не функционираше (1/19 за тројка во првото полувреме). Вечерашниот пораз од конечни „минус 51“ е најубедлив во историјата на ЛА Клиперс, јасен знак дека овој тим мора уште многу да напредува ако сака да ги предизвика ЛА Лејкерс во трката за титулата.

Лука Дончиќ мина на теренот 26 минути, при што реализираше 24 поени, девет скокови и осум асистенции.

Се вчитува...