Лука Дончиќ неизвесен за мечот против ЛА Клиперс

Лука Дончиќ е под знак прашалник и не се знае дали ќе игра на четвртиот меч од серијата меѓу Далас Маверикс и ЛА Клиперс. Тој во третиот натпревар заработи повреда на скочниот зглоб, а по мечот воопшто не тренираше со тимот, па затоа одлуката ќе биде донесена непосредно пред мечот.

„Верувам дека неколку минути пред почетокот на мечот ќе одлучиме дали ќе игра Лука. Не тренираше во саботата“, изјави тренерот на Мавс, Рик Карлајл. 

Далас и Клиперс четвртиот натпревар од серијата го играат вечерва во 21:30 часот, а досега тимот од ЛА има предност од 2-1.

Се вчитува...