Лука Јовиќ дочека да даде гол за Милан, рутински триумф над Фросиноне

Милан успеа да врзе две победи во Калчо-лигата откако „росонерите“ славеа на домашен терен против Фросиноне со 3-1. Пиоли повторно не можеше да смета на неколку стандардни првотимци, но овојпат шансата ја искористи Лука Јовиќ, кој го постигна својот прв гол во дресот на „росонерите“.

Милан се мачеше се до финишот од првото полувреме, кога една одбиена топка стигна до Јовиќ, кој ја сочека на волеј и ја смести во мрежата. Се беше полесно потоа, па „росонерите“ во вториот дел поведоа и со 2-0, откако Пулишиќ маестрално смири едно долго додавање од голманот Мењон, втрча во шеснаесетникот и го матираше гостинскиот голман. Милан до крајот успеа да постигне и трет погодок, овојпат преку дефанзивецот Томори, кој немаше тешка задача од непосредна близина да стави печат на победата на својот тим.

Се што успеаја да сторат гостите на овој натпревар беше утешниот погодок, дело на Брешанини во 82. минута.

Се вчитува...