Лука Јовиќ изразил желба да се врати во Бундеслигата

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ од следната сезона повторно ќе тресе во Бундеслигата. Тој веќе им соопштил на челниците на Реал Мадрид дека сака да се врати во Германија.

Германските медиуми веќе јавуваат дека Јовиќ се „понудил“ на Борусија Дортмунд, како замена за Халанд. Засега од таборот на „милионерите“ никој не го спомена Јовиќ. Замена за Халанд се споменуваат Адејеми од Салцбург, и Халер од Ајакс.

Засега Борусија ја засили само одбраната (ги потпиша Зиле и Шлотербек), а и натаму не размислува за замена на Халанд, кој е пред трансфер во Сити. Потивко се споменува и „кам-бек“ на Левандовски, но во тој случај веројатно Халанд ќе замине во Минхен. Но, засега Адејеми е главен фаворит.

Се вчитува...