Лука Јовиќ прифатил трансфер во Милан

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ прифатил да го напушти Реал Мадрид по завршување на сезоната и да замине во италијанскиот калчолигаш Милан. Новиот спортски директор на „росонерите“, Ралф Рангник, му понудил на Јовиќ да дојде во Италија и да се докаже следните две сезони во Серија А.

Напаѓачот наводно се сложил со ваква опција, а го одбил можниот трансфер во Арсенал. „Кралскиот клуб“ најави дека ќе му даде уште една шанса на Лука Јовиќ, меѓутоа Милан инсистира да го доведе во Калчото.

Италијанците се подготвени да му понудат на Реал Мадрид опција за двегодишна позајмица, со можност за комплетирање на трансферот од дополнителни 35 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...