Лука Јовиќ се сели на позајмица во Милан?

Српскиот интернационалец Лука Јовиќ би можел следната сезона да ја мине на позајмица во Милан. Напаѓачот не се докажа доволно на „Сантијаго Бернабеу“ оваа сезона по доаѓањето од Ајнтрахт Франкфурт, а Ралф Рангник, германскиот стратег кој треба да го преземе Милан од следната сезона, одлично ги познава квалитетите на Јовиќ.

На „Сан Сиро“ повторно би можел да се спои тандемот Ребиќ – Јовиќ кој функционираше беспрекорно и постигна многу голови во Ајнтрахт Франкфурт.

Последен играч кој од Реал Мадрид се пресели во Милан е левиот бек Тео Хернандез.

 

Се вчитува...