Лука, Мичел, Торoнто… историска ноќ на рекорди во НБА (ФОТО+ВИДЕО)

Донован Мичел стана само третиот играч во НБА историјата кој успела да постигна 50 или повеќе поени на најмалку два натпревара во плејофот. Со ова им се приклучи на легендите на Лигата, Мајкл Џордан кому ова му успеа во 1988 и на Алан Ајверсон кој имаше вакво псотигнување во 2001 година.

Донован Мичел и Џамал Мареј се првите кошаркари во историјата на НБА лигата кои на еден натпревар постигнале 50 или повеќе поени за своите екипи на меѓусебен натпревар во плеј-офот. Мичел застана на 51, а Мареј на 50 поени. Јута го доби дуелот со 129-127 и поведе со 3-1 во серијата против Денвер.

Историски натпревар имаше и Лука Дончиќ, тој го постигна победничкиот поен за драматичнит триумф на Далас над Лос Анџелес Клиперс, но имаше и лично постигнување од 43 поени, 17 скока и 13 асистенции и стана најмладиот играч во НБА кој има трипл-дабл со повеќе од 40 поени. Тој им се приклучи на Оскар Робертсон и на Чарлс Баркли, единствените играчи во историјата кои имаат трипл-дабл со повеќе од 40 поени, 15 скока и 10 асистенции. Тој е и воопшто првиот играч во НБа плеј-оф историјата со рекордни 43 поени, 17 скока и 13 асистенции.

Тимот на Торнто кој веќе обезбеди место во вторто коло од разигрувањето исто така имаше историско постигнување. Играчите од клупата заедно имаа 100 поени и тоа е највисокиот број пени постигнати од резервните играчи од 1970/71, сезоната од кога официјално се прави поделбата меѓу стартерите и играчите од клупа.

Се вчитува...