Лука Модриќ е феномен, бројките на мечот со Чешка се неверојатни

Славен Билиќ успеа да го убеди Лука Модриќ да ја продолжи репрезентативната кариера и по СП 2026, а најдобриот хрватски фудбалер во историјата со изданието синоќа во Прага само потврди дека е вистински фудбалски феномен.

Лука постигна гол за водство од 0-1 и со 41 година и 18 дена стана највозрасен стрелец во историјата на хрватската репрезентација. Сепак, неговото влијание на мечот e многу поголемо од тој погодок, а бројките на Лука на ова незгодно гостување се јасен доказ за класата на суперѕвездата на светскиот фудбал.

Модриќ мина на теренот 76 минути, период во кој имаше 73 допири со топкат аи 92% успешност во додавањата (61/66). Модриќ имаше еден успешен дриблинг, еденн изнуден прекршок и со топката во нозе претрча вкупно 211 метри. Покрај тоа, тој имаше и пет освоени топки и стопроцентни 3/3 освоени дуели.

Класата е вечна, дефинитивно, кога станува збор за Лука Модриќ.

Се вчитува...