Лука Модриќ е добитник на наградата „Играч на годината на УЕФА“ што беше доделена на церемонијата во Монако по ждребот на групите за Лигата на шампионите. Хрватскиот ас за ривали во финалниот избор ги имаше Кристијано Роналдо и Мохамед Салах, а откако Португалецот воопшто не допатува во Монако стана извесно дека токму Модриќ ќе заврши со големото признание, поради триумфот во финалето од ЛШ и пласманот во финалето на Мундијалот во Русија.
Европскиот првак Реал Мадрид ги собра наградите кога стануваше збор за најдобрите играчи по позиции за минатата сезона од Лигата на шампионите.
Кејлор Навас беше избран за најдобар голман, Серхио Рамос повторно беше најдобар дефанзивец во ЛШ, Лука Модриќ најдобар играч за врска, а наградата за најдобар напаѓач заслужено заврши во рацете на Кристијано Роналдо, кој ланската сезона редовно ги тресеше мрежите на противниците во дресот на „кралевите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА