Лука Модриќ минатото лето пристигна во Милан како слободен агент по 13 успешни години во Реал Мадрид. Сезоната завршува и се поставува прашањето каде Модриќ ќе ја продолжи својата кариера, а италијанските „Скај“ и „Калчомеркато“ откриваат дека тој поставил три услови за останување во Милано.
Главен предуслов за продолжување на соработката е исполнувањето на главната цел на сезоната, а тоа е пласман во Лигата на шампионите. Дури и со помала минутажа во домашното првенство, Модриќ би претпочитал да има важна улога во натпреварувањето, кое го освои неколку пати со Реал.
Важен фактор е статусот на тренерот Масимилијано Алегри. Иднината на Модриќ е тесно поврзана со тренерот кој му даде клучна улога во играта на Милан. Нивниот однос се темели на големо меѓусебно почитување, а искусниот играч од средниот ред не сака да ја наруши рамнотежата помеѓу неговата лидерска позиција на теренот и авторитетот на Алегри од клупата. Сепак, иднината на тренерот во моментов не е сосема сигурна бидејќи тој се споменува сè почесто како кандидат за клупата на италијанската репрезентација, во случај Џовани Малаго да ја преземе функцијата претседател на Италијанската фудбалска асоцијација.
Третиот важен елемент се однесува на спортските амбиции на клубот. Модриќ сака да биде сигурен дека Милан во сезоната 2026/27 ќе има тим со доволен квалитет за да се бори за најголемите цели и дека во текот на преодниот рок дополнително ќе се засилат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

