Мајката на Лука Дончиќ, Мирјам Потербин говореше околу тоа што ќе се случи со Словенецот, откако тој ќе ја заврши кариерата. Дончиќ има само 21 година и пред него се долги години кариера во НБА, а неговата мајка вели кога ќе заврши авантурата во најсилното кошаркарско првенство во светот, тој ќе се врати во неговата родна Словенија.
„Додека игра во НБА ќе бидам со него во САД, бидејќи сите останати работи ги правиме заедно. Мислам дека Лука ќе отпатува во Словенија уште првиот ден кога ќе ја заврши кариерата во НБА. Сигурен сум дека ќе се врати во Словенија, бидејќи е поврзан со неа. Љубљана е неговиот град, а Словенија е негова држава“, изјави Потербин.
Лука со 15 години отпатува во Мадрид каде играше за Реал, пред него што премине во НБА лигата, каде во моментов е прва ѕвезда во Далас Маверикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА