Лука пред да ги реши Клиперс се опушташе со „турбо-фолк“ музика (ВИДЕО)

Лука Дончиќ го водеше Далас Маверикс до победа над фаворитот ЛА Клиперс од 114-127 со што донесе израмнување на 1-1 во четвртфиналната серија во Западната конференција во НБА. Тој мечот го заврши со 28 поени, осум скока и седум асистенции и уште еднаш покажа дека веќе се наоѓа меѓу најдобрите кошаркари во светот.

Пред натпреварот Лука во друштво на Бобан Марјановиќ се опушташе со хитот на српскиот „турбо-фолк“ пејач Слободан Вашиќ „Инсомниа“. Познато е дека Дончиќ е вљубеник во овој жанр на музика.

 

Се вчитува...