Лука Пуј откри скандал: Ми понудија да наместам меч

Францускиот тенисер Лука Пуј, кој стигна до полуфиналето на Австралија Опен, ги откри аномалиите во светскиот тенис. Своевремено имал понуда да намести меч и да заработи многу пари на нелегален начин.

„Играв на челенџер во Романија каде една мала група ‘лудачки’ навиваше за мене. Но, другиот ден веќе беа против мене затоа што се обложиле на поведа на другиот тенисер. Добив и понуда да го изгубам намерно мечот. Никогаш не одговорив, затоа што тоа ќе значеше и учество во „местење“. Во игра беа многу пари, а ова посебно се случува на Фјучерс турнирите. Мислам дека треба да се тргнат обложувалниците од спортот. На момците им се потребни пари. Ако победиш ќе заработиш до 1.000 евра, но ако ти понудат 5.000 евра за да го загубиш мечот, тешко е да кажеш не“, истакна Пуј.

Се вчитува...