Лука Савичевиќ е ново засилување на Пелистер

Македонскиот кошаркарски клуб Пелистер продолжува со засилувањата за новата сезона, ангажирајќи уште еден перспективен домашен играч. Најново име во таборот на „зелено-белите“ е 24-годишниот плејмејкер Лука Савичевиќ.

Младиот македонски кошаркар го прифати предизвикот да биде дел од амбициозниот проект на битолчани, каде се очекува да донесе дополнителна енергија и креативност во надворешната линија. Со овој трансфер, Пелистер јасно ги потврдува своите намери за висок пласман и развој на квалитетни домашни кошаркари.

Савичевиќ своето официјално претставување како кошаркар на битолскиот клуб ќе го има на почетокот на подготовките.

Се вчитува...