Лука Станковски асистент во победата на Тузласпор

Младиот македонски фудбалски репрезентативец Лука Станковски со асистенција ја потврди победата на неговиот тим Тузласпор во денешниот дуел од 33. коло на турската Втора лига. Тузласпор извојува победа од 2-0 на гостувањето кај Сакаријаспор и со тоа ги засили шансите за опстанок во второлигашката конкуренција.

Асистенцијата на Лука Станковски дојде во 96. минута кога гостите со вториот погодок го потврдија триумфот.

Се вчитува...