Лука Станковски го чека дебито за Газиантеп против Сиваспор

По трансферот во Газиантеп, Лука Станковски викендов го чека својот прв настап во оваа екипа. Станковски веднаш по потпишувањето на договорот, имаше позитивен тест на коронавирус, па го немаше на теренот неколку дена, а сега доби дозвола за настап за првиот тим, и се очекува тренерот да го смести во тимот за утрешниот меч со Сиваспор на домашен терен.

Станковски оваа зима од Работнички се пресели во турскиот тим, и сега го очекуваат настапи за тимот, за да му помогне на тимот да се најде во горниот дел на табелата. Во моментов Газиантеп е на 9. позиција од 20 тима во Турција, со 32 бода од 22 натпревари.

Станковски летоска беше пред трансфер во Монца, но во последен момент пропадна можноста тој да стане дел од италијанскиот тим.

Се вчитува...