Лука Станковски стави потпис со Газиантеп (ФОТО)

Лука Станковски и официјално е дел од Газиантеп. Клубот попладнево го потврди трансферот на играчот на Работнички, кој стави потпис на договорот на 4,5 години, со опција за продолжување на плус уште една.

Станковски беше дел од Работнички, а летото ги имаше договорено сите детали за трансфер во Монца, но на крајот трансферот не се реализира.

„Станковски внимателно го следиме како клуб. Тој е прикажан како еден од фудбалерите со најголем потенцијал познат во својата земја и во Европа. Среќни сме што ангажиравме еден толку важен млад талент во нашиот клуб. За овој трансфер нашите менаџери заминаа во Македонија да преговараат со семејството и со клубот. Мислам дека направивме многу важен трансфер кој ќе биде корисен за нас. Му посакуваме добродојде на Лука и му посакуваме успех“, рече претседателот на Газиантеп, Џевдет Акинал.

Се вчитува...