Лука Степанчиќ: Вардар е фаворит против Барса, дојде во најдобра форма на Ф4…!

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Лука Степанчиќ не го криеше задоволството од пласманот на својот ПСЖ во финалето на Ф4 турнирот по триумфот во првата полуфинална пресметка против унгарски Веспрем.

„Да бидам искрен ни беше полесно на крајот отколку на почетокот. Барем за мене. И покрај неизвесната завршница. На почетокот имаше малку повеќе нервоза во нашата игра, напнатост, додека не се опуштивме и влеговме во ритам. Во последните десет минути имавме повеќе сила од нив, поконцентрирани бевме и знаевме како да победиме“ – истакна по мечот Степанчиќ.

Ракометарот на ПСЖ дополни дека, според него, македонскиот шампион Вардар е голем фаворит за победа против Барселона во втората полуфинална пресметка.

„Нема многу опуштање и сега го очекуваме противникот за утрешното финале. Според мене Вардар е фаворит против Барселона во второто полуфинале. Вардар дојде во најдобра форма на овој Фајнлфор од сите четири екипи. Искрено, играат ист вид ракомет и Вардар и Барса. Не знам кого би го посакал во финалето, бидејќи се слични екипи, но повторувам фаворит е Вардар“ – ни изјави Степанчиќ.

Се вчитува...