Лука Тони: Ако Италија биде елиминирана од Македонија, тоа ќе биде голема трагедија!

Легендарниот центрафор на Италија, Лука Тони, членот на златната фудбалска генерација која го освои последниот Мундијал за „аѕурите“ во 2006 година на СП во Германија, истакна дека ако Италија биде елиминирана од Македонија, тоа ќе биде голема трагедија на Апенините.

Палермо за десет дена ќе биде домаќин на Македонија во бараж дуелот со Италија, а Португалија или Турција дома би ги чекале „аѕурите“ ако успеат да стигнат до финалната битка.

„Не сакам ни да помислам за евентуална елиминација на Италија. Не сакам да помислам дека Италија не би играла на Светското првенство во Катар со елиминација од Македонија или во финалето во баражот. Ако тоа се случи ќе биде трагедија“, изјави Тони.

Тони во кариерата даде 268 гола на 586 меча, а во кариерата играше за Фиорентина, Баерн Минхен, Рома, Џенова, Јувентус, Верона, Палермо, Бреша, Виченца, Тревизо. За потсетување, Италија не играше ниту на СП 2018 година во Русија.

Се вчитува...