Лука Циндриќ заминува на операција, не е познато кога се враќа

Хрватскиот репрезентативен ракоментар Лука Циндриќ мора да поминe низ оперативен зафат на рамото по поведата на натпреварот против Фленсбург и засега не познато кога ќе се врати на паркетот, потврди неговата Барселона.

Европскиот првак на отварањето на овогодишната сезона во Лигата на Шампионите славеше на гостувањето во Германија против Фленсбург со 25-21, но остана без услугите на Циндриќ од 12. минута од натпреварот.

Поранешниот ракометар на Вардар е трет повреден играч во каталонскиот тим на самиот почеток на сезоната по Тим Н’Гуесан и Аитор Арино.

Се вчитува...