Лука Заложник со одличен настап на Светските игри во коњички спортови

Македонскиот натпреварувач Лука Заложник имаше одличен настап на Светските игри во коњички спортови во организација на ФЕИ. Тој го помина првиот натпревар во прескокнување пречки без ниту една грешка и беше испратен со аплауз од присутната публика. Инаку, Светските игри во коњички спортови во организација на ФЕИ се пандан на светските првенства во другите спортови.

Лука е македонски државјанин од 7. мај 2015 година, тој има 34 години и бројни настапи на меѓународната сцена, меѓу кои и премиерниот (тековниот) настап за нашата земја на едно вакво силно натпреварување.

Светските игри оваа година се одржуваат во Мил Спринг во Северна Каролина (САД) и ќе траат се до 23. септември.

Се вчитува...