Лука Здравковски од Академија Пандев прави трансфер во Истра

Младиот и талентиран фудбалер на Академија Пандев, Лука Здравковски, прави трансфер во хрватскиот клуб Истра. Перспективниот играч од средниот ред е веќе дел од тимот на Истра, а со наполнување на 18 години и официјално ќе потпише договор со хрватскиот тим.

Покрај тоа што бележи одлични резултати на стартот на новата сезона во Првата лига, клубот Академија Пандев и понатаму е посветен на форсирање на млади фудбалери, кои ќе имаат можност да ги покажат своите квалитети, и потоа да направат трансфер во странство.

Се вчитува...