Лукајиќ: Им се извинувам на навивачите за срамниот ексцес!

Тренерот на МЗТ Скопје, Жељко Лујакиќ видно вознемирен се појави на прес-конференцијата по поразот од ФМП, најпрво отворено зборувајќи за односот на одредени кошаркари и кон играта но и кон навивачите.

Несакан инцидент се случи по мечот кога Никола Павличевиќ влезе во жесток „вербален судир“ со навивачите на клубот, дополнително иритирајќи ги по срамниот пораз.

„Сакам да им заблагодарам најпрво на навивачите за феноменалната поддршка, но и веднаш да им се извинам за еден ваков пораз но да се извинам и за срамниот ексцес кој се случи по натпреварот. Се задржав и малку повеќе во соблекувалната затоа што морав малку педагошки да им објаснам на кошаркарите што значи односот кон трибината. Дека таков однос кон навивачи, кон некои кои доаѓаат да ги поддржат ниту смее ниту може да има. Ниту пак во иднина ќе толерирам едно такво однесување. Што се однесува до мене тој ќе биде казнет, а и секој од нив ако повтори таков однос ќе биде казнет. Таков кошаркар со таков однос не му треба на МЗТ Скопје. Затоа што јас сум многу одговорен, и секој кошаркар мора да внимава како се однесува. Тоа во соблекувалната му го кажав и на Никола. Ќе разговарам и со раководството за да се создаде дисциплина во екипата. Тоа се мои принципи. Кој не сака да слуша нема да биде во екипата. Или јас, или тие“ – рече Лукајиќ на прес-конференцијата, притоа осврнувајќи се на самиот натпревар.

mzt-2 del (6)

„Што се однесува до мечот се гледа малку напредок, но ќе мора уште многу да се работи. Имаме и друг проблем затоа што откако сум дојден во клубот работиме само со 12 кошаркари. Ни недостасуваат неколку кошаркари, но тоа е спортот, мора да се прибереме малку повеќе. Ни недостасуваат кошаркари за ротација, но се надевам дека некој од оние кои ни недостасуваат за брзо ќе се опорават и ќе имаме повеќе избор. Губиме концентрација во клучни моменти па следат порази. Со многу работа на тренинзите верувам дека тоа ќе се исправи“ – рече Лукајиќ.

IMG_6340

Се вчитува...