Лукајиќ: МЗТ сменил 26 тренери и 54 странци, тоа е фрапантно!

Жељко Лукајиќ пристигна на клупата на МЗТ Скопје во обид да биде спасител на тимот по слабиот старт на сезоната. Сепак, српскиот стратег не извлече ништо повеќе од тимот во однос на неговиот претходник, МЗТ губеше уште поубедливо, па на крајот „металците“ испаднаа од АБА-лигата, а не се фаворити за титулата ниту во домашното првенство.

Српскиот стратег во разговор за „Арена спорт“ отворено говореше за проблемите со кои се соочува македонскиот првак, главен акцент ставајќи на немањето стратегија и слабата работа во младинската школа.

МЗТ ги има најдобрите кошаркари надополнети со неколку странци, но се виде дека има и бројни недостатоци поради што мораше да се размилува за некое освежување. Јас се обидов да променам нешто, но кога увидов дека не можам да го сторам тоа сметав дека најлогично е да си заминам. Бројните промени се нешто неверојатно, наидов на податок дека во последните шест сезони клубот сменил 26 тренери, а продефилирале и 54 странски кошаркари. Навистина фрапантно. Од друга страна, една од најголемите грешки е што во тие шест години школата на МЗТ Скопје не извади ниту еден млад кошаркар кој би заиграл за привиот тим. Јас се обидов тоа да го сторам со Маслинко, но беше тешко бидејќи тој претходно немаше минутажа“ – изјави Лукајиќ за „Арена спорт“.

Во истиот разговор тој се осврна и на генералниот проблем на мак-баскетот, немањето визија кога станува збор за развој на младинските категории, проблем што се влече со години наназад.

„Првопласиран е Работнички, чии главни играчи се Чековски и Мираковски, кои имаат по 38 години. Македонија вадела врвни играчи во минатото, но луѓето овде очигледно не размислуваа за иднината – и се случи тоа што се случи, не е чудо што беше исфрлена од Косово во квалификациите за СП. Мора да се направи еден систем, една шок-терапија која подоцна ќе даде резултат“ – истакна екс-тренерот на МЗТ Скопје.

Се вчитува...