Жељко Лукајиќ беше доведен на клупата на МЗТ Скопје во обид да го разбуди тимот, но српскиот стратег се уште е без ниту една единствена победа во АБА-лигата. Повредите му создаваат дополнителни проблеми, но реални се сомнежите дали овој стратег воопшто може да го извлече најдоброто од македонскиот шампион, откако синоќа беше претрпен нов убедлив пораз, десетти во низа во регионалното натпреварување. Очајната одбрана повторно беше главниот проблем откако беа примени дури 32 поени за една четвртина, сегмент во играта во кој нема апсолутно никаков напредок во однос на настапите под водство на претходниот тренер Александар Тодоров.
„Им честитам на играчите на Задар на заслужената победа. Ние имаме свои проблеми, имавме големи промени во составот и некои повреди, но треба да бидеме реали и да признаеме дека Задар моментно е подобра екипа. Нема да се откажеме, но според мене сега најважно е да се свртиме кон македонското првенство и да се обидеме да го поправиме впечатокот. Уверен сум дека МЗТ Скопје знае да игра, но моите кошаркари мораат да се кренат физички, но и да покажуваат срце во одбраната“ – изјави Лукајиќ по новиот пораз.
MЗТ Скопје во следното коло, на 5 јануари, ќе ја пречека Игокеа, еден од двата тима што „металците“ успеаја досега да го совладаат во АБА-лигата сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА