Лукаку ги договорил личните услови со Интер

Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку е на чекор до трансфер во Интер. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед ги договорил личните услови за преселба на „Џузепе Меаца“, останува да падне договор и меѓу двата клуба за реализација на трансферот по 1 јули.

Белгиецот годишно ќе заработува по 6 милиони евра во дресот на „нероаѕурите“, а се очекува да потпише четиригодишен договор.

Лукаку има актуелен договор со Јунајтед до 2022 година. Изминатава сезона тој одигра 45 натпревари за „црвените ѓаволи“, постигна 15 гола и имаше четири асистенции.

 

Се вчитува...