Лукаку го изненади Погба: Се гледаме утре на тренинг (видео)

Ромелу Лукаку и Пол Погба се одлични пријатели, впрочем двајцата беа заедно на одмор во Лос Анџелес во моментите кога Мино Раиола го финишираше трансферот на Белгиецот во Манчестер јунајтед.

А Лукаку сакаше прв веста да ја пренесе на својот добар пријател, дури и снимајќи го тој момент.

Се гледаме утре на тренинг“ – му рече Лукаку на Погба крај базенот во луксузната вила, збунувајќи го Французинот.

Кога Погба конечно сфати за што станува збор не го криеше воодушевувањето што крај себе ќе го има пријателот, кој воедно е и врвен фудбалер.

Се вчитува...