Лукаку го „живна“ Јунајтед, Ватфорд го „тресна“ Тотенхем

Манчестер јунајтед се врати во победнички ритам во Премиер – лигата и по два порази конечно триумфираше на гостувањето против Барнли со 0-2. Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку беше стрелец на двата гола за „црвените ѓаволи“ во првиот дел од мечот. Во второто полувреме, Пол Погба не реализира пенал, а Маркус Рашфорд во 71.минута заработи црвен картон. Но, Јунајтед успеа да ја исполни целта, а Жозе Мурињо доби малку повеќе мир на клупата.

Тотенхем го доживеа првиот пораз (2-1) на гостувањето кај Ватфорд. „Спарс“ први повеоа со автоголот на Докоре, но Трој Дини во 69.минута и Крег Каткарт седум минути подоцна направија целосен пресврт.

Се вчитува...