Лукаку ќе биде подготвен за дербито против Јувентус

Фудбалерот на Интер, Ромелу Лукаку најверојатно ќе биде подготвен за мечот против Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Белгиецот го пропушти мечот против Барселона во Лигата на шампионит поради проблеми со мускулот.

Сепак, Лукаку денеска тренирал со екипата, а клупските лекари прават се што е во нивна можност да го оспособат напаѓачот за дербито против Јувентус. Натпреварот се игра во 7. коло од Серија А, а ќе биде од големо значење бидејќи по долги години Интер има максимален учинок и е во игра за трофејот во националното првенство.

 

Се вчитува...