Лукаку: Кој може да го одбие најголемиот клуб во светот…

Ромелу Лукаку ги мина лекарските прегледи во Лос Анџелес и веќе нема никакви пречи за неговиот мегатрансфер од Евертон во Манчестер јунајтед да се реализира во деновите што следат. Белгискиот голгетер, кој ќе ги чини „ѓаволите“ 75 милиони фунти, не го крие задоволството што својата кариера ќе ја продолжи во дресот на Јунајтед.„Отсекогаш сум велел дека сакам да бидам дел од клуб што ќе се бори за сите можни трофеи, Манчестер јунајтед дефинитивно спаѓа во таа категорија. Кој би можел да го одбие најголемиот клуб во светот, со најдобриот стадион… затоа веднаш штом ја добив официјалната понуда ја прифатив истата, бидејќи ваква можност се укажува еднаш во животот. Гладен сум за освојување на трофеи, а Жозе Мурињо е тренер што може да ми ги исполни тие желби. Одам во голем клуб и знам дека нема да ми биде лесно, морам да работам понапорно од досега, но јас сум подготвен за тој голем предизвик“ – изјави Лукаку.

Се вчитува...