Лукаку му одговори на Невил за обвинувањата дека има вишок на килограми

Белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку летово го напушти Манчестер Јунајтед и премина во редовите на Интер. Легендата на клубот од „Олд Трафорд“ Гери Невил смета дека тоа е одлично за тимот, бидејќи Белгиецот според него не се грижи за својата тежина и не ги исполнува професионално обврските. Сепак, Лукаку не остана покус па му одговори на Невил за обвинувањата.

„Може Невил да говори за се, па дури и за вишокот на килограми, но тоа што никогаш не може да го доведува во прашање е мојот професионализам. Секогаш работев напорно и тоа секој тренер ќе го потврди. Секогаш сум давал се од себе, а тоа ќе го потврдат Солскјер, Мурињо, Мартинез, а сега и Конте“, изјави Лукаку. 

Белгиецот во првиот меч во дресот на Интер веднаш постигна гол, во победата на „нероаѕурите“ над Лече со 4-0.

Се вчитува...