Лукаку наскоро потпишува за Јувентус – На „Олд трафорд“ пристигнува Дибала?

Белгискиот фудбалски интернационалец Ромелу Лукаку е пред потпис со италијанскиот шампион Јувентус. Тој на социјалните мрежи објави фотографија со својот менаџер на која напиша „Наскоро продолжуваме“ со што самиот ги подгреа шпекулациите за негово преминување во италијанскиот гигант.

Тој не е дел од тимот на Манчестер Јунајтед на претсезонската турнеја и само се очекува да бидат финализирани деталите околу трансферот меѓу двата тима. Медиумите во Европа шпекулираат дека тоа ќе биде замена на фудбалери, а на „Олд трафорд“ на местото на Лукаку ќе дојде Пауло Дибала и Даглас Коста.

 

 

 

Се вчитува...