Белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку откри зошто летово премина од редовите на Манчестер Јунајтед во Интер. Тој вели дека го напушти „Олд трафорд“ бидејќи менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер му наметнал чувство на вина.
„Зошто заминав од Јунајтед? Затоа што бев „грдото пајче“. Бев причина за се лошо што се случуваше во клубот. Не сакав повеќе да бидам таму. Интер може да е тимот кој ми е потребен. Тука чувствувам љубов и подготвен сум да ја возвратам“, изјави Лукаку.
Сезонава Лукаку на два натпревари во Серија А беше стрелец на два гола, а моментално „нероаѕурите“ се на првата позиција во италијанската лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА