Лукаку подготвен да „жртвува“ милиони за да се врати во Интер

Ромелу Лукаку би можел да се врати во таборот на Интер, откако најновите информации велат дека е подготвен да направи се, само за да направи „кам-бек“ на „Џузепе Меаца“. Лукаку летоска за 115 милиони евра од Интер се врати во Челси, но неколкупати повтори дека погрешил во одлуката и сега сака да се врати назад.

На Интер добро ќе му дојде, но знаат дека не можат да си го дозволат во моментов. Но, 29-годишниот Белгиец е подготвен да се откаже од големата плата во Челси, и не му е проблем наместо 15 милиони да заработува само седум, и се чини дека ќе направи се да се врати во Милано.

Меѓутоа договор меѓу двете страни е можен само доколку Челси прифати опција на позајмица, со задолжителен откуп од 50 милиони евра.

Се вчитува...