Лукаку пресреќен по скудетото: Горд сум што играм за Интер

Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку не го крие задоволството по освојувањето на скудетото и истакнува дека ова е најдобрата сезона во кариерата за него.

„Нероазурите“ ја обезбедија својата прва титула по 11 години на четири кола пред крајот на Серија А. Со 21 погодок и осум асистенции во претходниот дел од шампионатот, Лукаку е еден од најзаслужните за големиот успех.

„Минатата година беше добра, но оваа сезона е најдобра во мојата кариера. Прекрасно е и се надевам дека ќе продолжам вака, сакам да им се заблагодарам на сите, навистина сум среќен. Среќен сум за сите навивачи на Интер ширум светот, за тимот, вработените во клубот, претседателот. Ова е прекрасна сезона и навистина сум горд што играм за Интер“, изјави Белгиецот.

Во претходниот период се споменуваше дека 27-годишниот играч може да се врати во Премиерлигата, бидејќи интерес за него покажаа Манчестер Сити и Челси, но се чини дека тоа нема да се случи, барем засега.

Се вчитува...