Напаѓачот Ромело Лукаку, ќе може да го напушти Челси идното лето за сума од 38 милиони евра. Ова е исходот од преговорите на двете страни, со оглед дека за Белгиецот нема иднина на „Стемфорд Бриџ“.
Лукаку во моментов игра како позајмен во Рома, а идната сезона ќе може да си замине од Лондон. Секој кој сака да го види во своите редови, ќе треба да ја плати споменатата сума.
Изминатото лето долго траеше неговата сага. Тој го навлече гневот на навивачите на Интер поради тајни преговори со Јувентус, и на крајот заврши во Рома. Рома, пак, може да го откупи неговиот договор на лето.
Лукаку стана најдобриот стрелец во квалификациите за Европското првенство со 14 постигнати голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА