Лукаку со еден потег го врати Де Лихт во Амстердам (ВИДЕО)

Јувентус синоќа го совлада Интер со 2-1 во дербито на италијанската Серија А. „Старата дама“ во одличен натпревар успеа да дојде до три бода, а јунак на мечот беше Гонзало Игуаин кој во средината на вториот дел влезе во игра, а набрзо потоа и стрелаше.

Една од послабите алки во екипата на Јувентус беше младиот Матајс Де Лихт кој очигледно се уште не се вклопил во новиот тим. Де Лихт неколку пати направи големи грешки, а во неколку наврати изгледаше и многу наивно. Потегот кој стана хит на друштвените мрежи се случи во 28. минута кога Лукаку ја протна меѓу нозете на Де Лихт топката.

Се вчитува...