Лукаку: Солскјер со еден потег ме „избрка“ од Манчестер

Ромелу Лукаку во интервју за „Кориере дело спорт“ обелодени детали од своето заминување од Манчестер Јунајтед, кое станало неизбежно по една тактичка одлука на Оле Гунар Солскјер.

„Се стана јасно по само една одлука на Солскјер, кога стратегот на Манчестер реши јас да играм како крило. Беше очигледно дека не гледа на мене како на опција во нападот и знаев дека морам да заминам во текот на летото. Интер беше вистинскиот избор и поради можноста да настапувам за Конте, кој е најдобриот тренер со кој имам соработувано, рамо до рамо со Мурињо“ – истакна Лукаку.

Белгискиот голгетер откри и од кој тимски колега има научено најмногу во текот на кариерата.

„Златан Ибрахимовиќ е фудбалерот кому му должам најмногу, тој ме научи многу работи додека бевме заедно во Манчестер. Не само на натпреварите, туку и за време на патувањата, разговаравме и ми помагаше да напредувам уште повеќе. Златан е извонредна личност и врвен фудбалер, верувам дека ќе се врати назад во италијанскиот шампионат“ – откри Ромелу Лукаку.

 

Се вчитува...