Лукаку: Во Интер не сме ментално силни

По репрезентативната пауза, и втор кикс на Интер. По саботниот пораз во градската дерби-пресметка од Милан, „нераѕурите“ во првото коло од Лигата на шампионите на домашен терен ремизираа (2-2) со Борусија Менхенгладбах. И синоќа беа блиску до пораз, но Ромел Лукаку во 90. минута со својот втор гол им донесе бод.

„Ова не е добар резултат за нас, затоа што може да бидеме и уште подобри. Мора да бидеме ментално многу посилни. Нова не се лесни моменти за нас, но мора да веруваме во нашите квалитети“ – вели Лукаку и дополнува:

„Мора да бидеме посилни, посебно ментално. Мора да бидеме и многу подобри во одбраната, примивме два гола од наши грешки. Направивме и многу грешки и во нападот, пропуштивме многу шанси и поради тоа на еден натпревар од Лигата на шампионите сето тоа мора да се плати“.

Се вчитува...