Лукаку: Второто полувреме беше како во бајка за Интер

Интер одигра неверојатно второ полувреме во кое негативата од два гола по првите 45 минути ја претвори во спектакуларен триумф (4-2) над градскиот ривал Милан. Тимот на Антонио Конте блескаше во вториот дел, направи комплетен пресврт со головите на Брозовиќ, Весино и на Де Фрај, а триумфот го потврди Ромелу Лукаку.

Белгиецот вели дека второто полувреме било како во бајка за Интер.

„После одморот истрча на теренот еден друг Интер. Бевме желни да покажеме дека можеме, дека овој тим има неверојатен квалитет. Сите на стадионот, во Италија и во целиот свет го видоа менталитетот на Интер. Второто полувреме беше како во бајка. Патевме во првиот дел, но не дозволивме психички да паднеме ниту кога имавме негатива од 0-2. Нема непремостливи пречки за овој тим“, изјави Ромелу Лукаку.

Се вчитува...