Лукаку знае седум јазици, за три месеци го научил италијанскиот

Новиот напаѓач на Интер, белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку, постигна два гола во триумфот на „нероаѕурите“ (3-4) на гости против Сасуоло, а потоа на речиси совршен италијански јазик одговараше на прашањата на новинарите. Тој пристигна во Италија пред само три месеци и успеа да го совлада јазикот на Апенините.

Покрај тоа што му оди постигнувањето голови, на Ромелу Лукаку одлично му одат и јазиците. Течно говори седум јазици, англиски, шпански, француски, италијански, германски, холандски и јазикот лингала. Последниот е всушност конгоански дијалект на кој Ромелу говорел со Јаник Боаси во периодот додека беше дел од Евертон.

За италијанскиот јазик имал помош и од брат му Џордан Лукаку, кој настапува за Лацио.

„Гледав често „Скај Италија“, ги следев натпреварите на брат ми во Лацио. Оттаму и имав некоја основа за италијанскиот јазик, но очигледно дека многу брзо можам да ги совладам јазиците“, изјави Ромелу Лукаку.

Се вчитува...